(ВИДЕО) Кузеска: Скандал, незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски

Од:

„Денеска СДСМ објавува скандал, основано сомнение за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски. За целиот скандал поседуваме документи и докази доставени од страна на свиркачи. Спротивно на законот, градоначалникот на општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Станува збор за Добри Петров, назначен за вд директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба.

Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб страната на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца.  (https://www.iorrm.org.mk/doc/%D0%98%D0%9E%D0%A0%D0%A0%D0%9C%20-%20%D0%A0%D0%95%D0%93%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%90%D0%A0%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%95%D0%92%D0%98%D0%97%D0%9E%D0%A0%D0%98%20-%2018.02.2022.pdf )

Со ова прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Но, не и последено.

Неовластеното лице кое било незаконски избрано за ревизор, бил исто така незаконски задолжен да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Тоа е овој документ на којшто стои неговиот потпис.

Бидејќи неовластено лице го правело овој документ, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување.

Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот.

Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката е разрешена.

Очигледно целта на целата оваа незаконска операција била заради разрешување на директорката на градинката „Детска Радост“.

Со незаконска постапка, со незаконски назначување лице за ревизор кое не било ревизор и со незаконски Извештај.

Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани.

Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, кое е локална власт во најголем дел од општините.

Со општините владеат како шерифи, без почитување на закони и прописи со единствена цел, да разрешуваат и да именуваат нивни партиски војници и извршители.

Очекуваме од сите надлежни институции по допрен глас да покренат соодветни законски процедури за овој скандал.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ јавно да го повикаат на одговорност нивниот градоначалник и сите инволвирани во овој скандал“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ..

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он