(ВИДЕО) Кузеска: Сите да покажеме одговорност во борбата против коронавирусот, да го заштитиме јавното здравје

Од:

„Состојбата со коронавирусот значително се влошува, кај нас и во светот. Есенскиот бран се засилува и потребно е секој еден од нас да ги почитува постојните мерки за заштита, односно да носиме маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме и да ги дезинфицираме рацете.

Согласно новонастанатата ситуација, Владата прифати нови мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести, и веќе се во собраниска процедура и се очекува во најкус рок Собранието да ги изгласа.

Со овие предлог мерки, носење маски на отворено ќе стане задолжително, ќе се забрани групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од 4ца гости во едно домаќинство“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Доколку бројот на заразени расте, Комисијата за заразни болести веќе утре, до Владата ќе предложи дополнителен пакет рестриктивни мерки.

Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50%,

целосна забрана за секакви настани, и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот.

Здравствените работници не можат сами. Во ова борба мора да се вклучиме сите со тоа што ќе ги почитуваме мерките без исклучок.

Се работи за вашето здравје, за здравјето на вашите пријатели, колеги, на вашите најблиски.

Мора сите да бидеме свесни, совесни и одговорни.

Во битката против Ковид 19, ќе се вклучат и студентите од шестта година по општа медицина.

Овие идни здравствени работници ја препознаа својата важна општествена улога во моменти на криза.

Да ја препознаеме и ние нашата, да се заштитиме и себе си, луѓето околу нас, да го заштитиме јавното здравје.

Само заедно како силни сојузници, институциите и граѓаните, ќе успеат во борбата против коронавирусот“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени