(ВИДЕО) Кузеска: Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи

Од:

Состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка. Изгорени се над 130 километри квадратни, активни се уште многу пожари и зафатена е огромна површина од над 20.000 хектари. Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија. Граѓаните од терен посочуваат дека пожарникарите навреме делуваат и силно се борат со огинот, но во исто време забележуваат на спора реакција на воздухопловите и доцнење со часови, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите во изминатите денови. Го нема ниту најавеното засилено присуство на полицијата на теренот како дел од превентивните мерки. Повеќе од 10 дена гори пожарот во Македонски Брод, селата Тажево и Брезница се под закана. Информациите од терен потврдуваат дека пожарникари има постојано но нема соодветна воздушна поддршка.

Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен? Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Бараме итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи. Само директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, Тошковски и Мицкоски зошто ги нема? Мицкоски мора да разбере колкава одговорност носи и мора да преземе нешто а не да спие, да се појави на терен, да ја подобри координацијата на воздухопловите и ефикасноста на институциите, побрзо да реагираат – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски