(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски молчи за ЕУ, а неговите коалициски партнери се за Русија

Од:

„Во период кога се потребни структурни реформи за да се заокружи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски како по обичај стои на страна и продолжува со својата пракса на избегнување одговорност за носење одлуки“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Дали причина за тоа е што половина од неговите коалициски партнери се проруски ориентирани?

Димитар Апасиев и Левица отворено се залагаат за Русија и против ЕУ и НАТО.

Друг коалициски партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ вчера присуствуваше на Меѓународна безбедносна конференција во Москва, како единствен претставник од Македонија.

Присуството на Стоиљковиќ на конференцијата се случува во време кога целиот свет ја осудува и се бори против руската агресија врз Украина.

Дали Мицкоски се согласува со неговиот партнер Стоиљковиќ и неговите отворени анти НАТО ставови?

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат санкциите против Русија или ја поддржуваат руската агресија?

Ова е момент на вистината за Христијан Мицкоски.

Наместо да измислува и пласира нови глупости, Мицкоски мора да излезе во јавноста и да одговори: Ќе се приклучи ли на европскиот блок или ќе продолжи во прорускиот, деструктивен и антиевропски блок заедно со неговите коалициски партнери Апасиев и Стоиљковиќ?

За ЕУ молчи а неговите коалициски партнери се за Русија. За што точно се залага Мицкоски?“, прашува Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите