(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ја погази Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија

Од:

„Ова е Резолуцијата за македонските позиции, во контекст на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии. Оваа Резолуција за македонските позиции во однос на Бугарија ја погази Христијан Мицкоски“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во оваа Резолуција за македонските позиции, под број 4, јасно стои дека процесот за евроинтеграција на нашата држава мора да продолжи со, цитирам „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“.

На ниту едно место во оваа резолуција не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, и името на самата Резолуција покажува, се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија.

Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија.

Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Бугарија.

Дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Тоа е факт признаен и потврден од сите.

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание?

Ова е прашање од врвен национален интерес и ваков чекор на Мицкоски кој ги поткопува државните позиции во однос на Бугарија, е еднакво на предавство на националните интереси.

Два дена лажниот патриот Мицкоски се крие, нема одговор ниту од него ниту од Белата палата зошто на Конгрес на ЕПП прифатиле Резолуција со ставови на Бугарија.

Го повикуваме да излезе пред граѓаните и да одговори, зошто прифатил резолуција спротивна на македонската Резолуција за македонските позиции“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он