(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски е против ЕУ, СДСМ нема да поддржи референдум против македонски јазик во ЕУ

Од:

„На Христијан Мицкоски што му пропаднаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација, му потонаа сите лаги. Со еден збор, се’ што кажа Христијан Мицкоски излажа. Мицкоски тоне се подлабоко а со себе сака ја повлече и целата држава. Тоа СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа а потоа истиот го бојкотираше.

По налог на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа.

Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им важен ниту македонскиот јазик, ниту интересите на граѓаните.

Тие имаат за цел само да направат штета на државата, да ја попречат европската интеграција заедно со проруската Левица и ништо повеќе.

Впрочем и самите граѓани видоа дека седниците на Извршниот комитете на ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса, таму ништо не се одлучува, само се потврдувата желбите на Мицкоски.

Мицкоски е единствен член на Извршниот комитет а тоа го покажува и веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Како да живее само да го надмине својот ментор од Бидимпешта.

Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди се пропаднати, така ќе биде и овој пат.

Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен.

СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски