(ВИДЕО) Кузеска: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД

Од:

„Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери. Бројни судски предмети и принзанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник…“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

Се ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.

Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител. Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија.

Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски. Оттука е молкот на Христијан Мицкоски.

Човекот кој не се извини ниту еднаш за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, кој не побарал ниту еднаш одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.

Граѓаните знаат дека во времето кога се правени сите овие криминали, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски (2015-2016) а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто со години молчи?

Дали стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа? Тоа треба да одговори самиот Мицкоски“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски