(ВИДЕО) Кузеска: Извршителот Мицкоски отиде во Будимпешта по пратенички листи, не може да ги состави без одобрение на својот шеф Груевски

Од:

„Извршителот Мицкоски не може да се ослободи од стегите и влијанието на својот ментор од Будимпешта Никола Груевски.

Мицкоски дури ни листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски.

Извршителот Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта Никола Груевски, да му даде одобрение за листите за пратеници“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски е само поштар, што треба да ги донесе.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.

Извршителот Мицкоски е само продолжена рака на бегалецот од правдата Груевски и има задача и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот.

Затоа на 12 април, поразот на извршителот Мицкоски е сигурен“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски