(ВИДЕО) Кузеска: Има сериозни сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари финансира медиуми за да шират кампања против ЕУ и НАТО

Од:

„Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми, дека извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски со црни пари финансира партиски мегафони со цел да шират антидржавна медиумска кампања – кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.

Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.

Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.

Потсетуваме, според истражувањето, црните пари од Унгарија, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и антидржавно да делуваат во евроинтегративните процеси.

Од оваа прес конференција уште еднаш ги повикаме институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.

Како одговорна и демократска партија, СДСМ е посветен на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните