(ВИДЕО) Кузеска: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо затоа Мицкоски се заканува со блокади

Од:

„Поминаа повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата да управува во најголем дел од општините низ државата. Она што граѓаните го гледаат, она што факт е дека во овие шест месеци, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо. Буквално ништо“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнето изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект.

Неработата е изразена и во градот Скопје. Градоначалничката Арсовска во изминатите 6 месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, депонии и ѓубре на секој чекор, нема нови паркови, зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси.

Јавноста знае дека за набавката на автобусите повикан да зборува се јави и Христијан Мицкоски.

После шест месеци заклучкот е дека градоначлниците на ВМОР-ДПМНЕ се најслабите градоначалници досега. Неспособност и неработа и ништо друго.

Граѓаните ја гледаат оваа неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секој ден.

Затоа Мицкоски се заканува со блокади, затоа зборува за предвремени избори во време на најголема економска и енергетска криза.

Знае Мицкоски дека рејтингот на неговата партија вртоглаво паѓа и дека го очекува нов пораз на редовните парламентарни избори.

Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година затоа што знае дека општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат а граѓаните го гледаат тоа.

Ги повикуваме и Мицкоски и градоначалниците на ВМОР-ДПМНЕ да земат нешто да работат.

Институциите, граѓаните, нема да дозволат заради нарачки од Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата.

СДСМ има план да се спротивстави на сите блокади, заедно со коалициските партнери, со парламентарното мнозинство продолжуваме со работа за граѓаните и државата“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта