(ВИДЕО) Кузеска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, а му даваат отчет на Мицкоски

Од:

Освен рацете во медот и кавги за тендери граѓаните не видоа ништо од работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата една година. ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во над 50 општини и после цела една година заклучокот е тој: нема нови проекти за граѓаните, нема напредок на општините, има само шпицен градоначалник околу чии интереси се врти буквално се.Видовме дека наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, изјави денеска Богданка Кузеска од СДСМ.

– Токму Мицкоски е тој кој оди на сечење ленти на некои игралишта, тој врши увиди некакви, пред него градоначалниците реферираат, дури Мицкоски и дава изјави во нивно име. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ пак немаат никаков срам, одговараат пред Мицкоски понизно. Граѓаните не им се важни воопшто.

На партиски настани, се даваат партиски отчети, наместо на општински настани да се даде отчет пред граѓаните. Исто како во времето на Никола Груевски.Дури видовме дека и лично Мицкоски е тој кој во име на градоначалници преговара за набавка на автобуси, се меша во тендерите.

Со тоа, Мицкоски ја потврди улогата на шпицен градоначалник на секој општина каде ВМРО-ДПМНЕ е локална власт.За тоа изби и кавгата, за тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.

Згора на се, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните, поскапувајќи ги услугите на јавните претпријатија под надлежност на општините.Истите тие претпријатија за кои се тепаат за тендери, кои ги преполнија со партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ, за потоа градоначалниците да бараат пари од Владата.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште е истата нерефермирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано локалните самоуправи и одработува за интересот на Мицкоски. Партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе.Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат а за тоа вината е кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски – изјави Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено