ВИДЕО: Куновска се соочи со Петров на ТВ дуел

Од:

На изненадување на многумина, еден од кандидатите за градоначалник на Карпош, Јагнула Куновска од ВМРО-ДПМНЕ се појави на ТВ дуел против кандидатот од Сојузот за иднината, Андреј Петров.

Највпечатливо е тоа што премиерот Никола Груевски, и по седум години на функцијата, сеуште одбива да излезе на дуел со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Досега, објаснувањето на ВМРО-ДПМНЕ за неизлегувањето на телевизиско соочување, беше тоа дека партијата излегува на соочување со граѓаните, и така ја добива довербата.

Јагнула Куновска ја отвори темата за забелешките на Петров за нејзината возраст искажани во кампањата. Таа стана од столчето да демонстрира во каква форма е.

Да станам, да се исправам, да прошетам, да се завртам. нека каже господинот Петров кој е неговиот параметар што мене ме направи безживотна, неспособна возрасна!

Кога покажуваме елеганција може заедно да покажеме – одговори Петров и тој стана од столчето.

Следуваше уште еден конфликтен момент кога Куновска повика да се зборува за големите проекти во програмите а не за секојдневните обврски на градоначалниците, забележувајќи дека во спротивно разговорот би бил промашен, на што Петров ја повика – ако смета дека е промашен да си замине од студиото.

По информациите дека СДСМ подготвува план Б доколку нема успех на локалните избори да не ги признае резултатите, Петров изјави дека план Б не постои и дека доколку изборите бидат регуларни резултатите ќе бидат признаени од неговата партија.

Видео: Канал 5

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија