• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Кумановци покажаа дека може да бидат хумани

by А1он18/05/2014 - 17:3719/05/2014 - 10:39154
Share0

Бројни граѓани утрово на градскиот плоштад во Куманово донираат различни средства, како еден вид поддршка за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

Добивај вести на вибер

Пакети флаширана вода, конзервирана и бебешка храна, пелени, облека, прибор за лична хигиена, па дури и телевизори се само дел од средствата кои што граѓаните ги донираа на двата пункта во центарот на Куманово.

-Дониравме гардероба, средства за лична хигиена, вода, се што е неопходно-изјави жителка на Куманово.

Организаторите истакнаа дека Кумановци денес го покажаа она што отсекогаш го поседуваат, а тоа е човековата хуманост. -Не знам да кажам, дали или не очекувавме ваков одзив, но тоа и не е важно. Одзивот е огромен. За помалку од три часа собравме вода повеќе од два тони, другото не можеме да го изброиме.

kumm (5)

Првата пратка е испратена во централното депо на Црвен крст во Скопје, се подготвува другата пратка-истакна Зоран Краљевски, еден од организаторите, кој додаде дека од утре на настраданите ќе им бидат потребни средства за дезинфекција.

-Кумановци денес се покажаа во многу добро светло. Иницијативата беше широко подржана од сите граѓани. Имаме соберено многу приоритетни средства. Најмногу се донира облека, храна, средства за хигиена и слично-истакна Александра Ристовска, која што е дел од групата Кумановци кои спонтано се организираа на социјалната мрежа „Фејсбук“.

kumm (4)

Акцијата на плоштадот во Куманово ќе трае неколку дена, а организаторите повикаа да се приклучат сите граѓани, да донираат во што поголем број, бидејќи повеќе од потребна им е помош на настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

kumm (2)

kumm (1)

Е.Г.

kumanovo

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:5420/01/2026 - 11:19

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски11/01/2026 - 14:1311/01/2026 - 14:21

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он28/12/2025 - 12:4228/12/2025 - 12:43

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски26/12/2025 - 15:3626/12/2025 - 17:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен