(ВИДЕО) Крмов иницира Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Од:

Борислав Крмов соопшти дека како пратеник од Изборната единица 3, иницирал Надзорна расправа во врска со трагедијата во Кочани со цел да се расветлат сите пропусти:

„Во овие моменти кога сѐ уште не е поминат шокот од незамисливата национална катастрофа која се случи во Кочани, ние како пратеници и како Собрание, посебно пратениците од ИЕ 3, мора да поднесеме и морална одговорност. Поради тоа, денес, јас, како пратеник од ИЕ 3, покренувам иницијатива за Надзорна расправа во Собранието околу катастрофата што ни се случи во Кочани“ – кажа пратеникот од Левица.

„Ние таа расправа ја планираме во постојаната Анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот со која раководи Димитар Апасиев. Но, отворени сме да биде и на било која друга комисија која и одговара на власта и на остатокот од опозицијата“ – додаде тој.

„За таа цел се потребни се минимум 15 потписи и ние ги даваме нашите шест. Отвараме простор да има и Анкетна комисија, има постојана Анкетна комисија во која може да се одржи расправата, но има и времена Анкетна комисија. Во тој случај ќе се повикаме на член 76 став 3 од Уставот, за која се потребни дваесет потписи и апсолутно, на нас не ни е битно ние да го водиме процесот, поентата е да се почне сега и веднаш за да се дојде до одговорите кои ни се потребни“ – објасни Крмов.

„За жал, гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат во медиумите, околу надзорна или анкетна, дали треба да има, или не, дали и за другите катастрофи, дали за Кочани итн. – ние мислиме дека нема време за ова, доволно време одмаравме, треба да се делува што побргу.
Мора да се види каде потфрлија органите на државната управа, зошто ни се случи ова што ни се случи и кои индивидуи се одговорни“ – потенцираше пратеникот Борислав Крмов.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Левица: ЕСМ со скандалозен тендер за фирмата „Пуцко Петрол“ од ДУИ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пет месеци по трагедијата, родителите на жртвите повторно маршираа во Кочани

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски