ВИДЕО: Кривични пријави за шест лица за фалсификување и употреба лажни кредитни картички

Од:

МВР денеска поднесе кривична пријава за пет македонски и еден бугарски државјанин за сторени кривични дела „правење, набавување или оттуѓување средства за фалсификување“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Осомничените, сите од Прилеп на возраст од 22 и 24 години возраст, откриени во акцијата „Винкор“, биле дел од меѓународна криминална група која се занимавала со криминал со кредитни картички.

Според досегашните докази, информира денеска на прес – конференција портпаролот на МВР Иво Котевски, осомничените се обиделе да ги олеснат оштетените од нивните сметки за сума од над 4,5 милиони денари, во периодот од декември 2013 до јули 2013 година.

– Иако не може да се исклучи дека постоеле и други случаи, досега е документирано дека пријавените во 19 наврати монтирале „скимер уреди“ на банкомати марка „Wincor“ на домашни банки, лоцирани во Скопје, Прилеп, Неготино, Битола и Охрид, при што прибавиле податоци од 829 платежни картички, појасни Котевски.

Податоците ги употербиле за изработка на фалсификувани платежни картички со кои извршиле вкупно 475 успешни нелегални трансакции во износ од приближно 2 милиони денари. Извршиле и 574 неуспешни нелегални трансакции во износ од над 2 милиони и 600 илјади денари. Пријавените со фалсификуваните платежни картички вршеле нелегални трансакции на банкомати и во Бугарија, Србија, Малезија, Перу и други земји. Регистрисни се и случаи кога податоците од украдените платежни картички ги продавале преку Интернет.

Инаку, по извршените шест претреси во Прилеп во домовите и други објекти на пријавените, истакна портпаролот на МВР, пронајдени се 4 скимери, уред за изготвување фалсификувани кредитни картички, 55 фалсификувани платежни картички и друга опрема за правење и подготовка на скимери, како и еден лап-топ компјутер  што се користел за подготовка на фалсификувани кредитни картички и два деск топ компјутери.

– При претрес во домот на еден од осомничените е затекнат и 30 годишниот бугарски државјанин, кој при последниот тридневен престој во земјава, поставил 2 скимери на банкомати на домашни банки во Прилеп, рече Котевски.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски меѓу другото информираше дека тројца од пријавените македонски државјани веќе и се познати нап олицијата бидејќи и порано против нив се воделе постапки за кривични дела од областа на злоупотреба и фалсификување платешни картички.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ