(ВИДЕО) Ковачки: За Кочани предвидуваме четири милиони евра, нова инфраструктура, градинки и реконструкција на пругата до Велес

Од:

Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, така и овде во Кочани луѓето се повеќе ни се приклучуваат во промените. Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта, верувајте дека ќе има инвестиции во Кочани. Околу 4 милиони евра предвидуваме од централниот буџет да се дадат за Кочани. Тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

– Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани-Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина за нова надеж. Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со една голема излезност, односно голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените – рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Ковачки: Интерпелациите за членовите на Судскиот совет не е политичка пресметка, туку прв чекор кон демонтирање на коруптивниот систем