(ВИДЕО) Ковачки: Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда

Од:

„Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда – Дали ја продала куќата или само земјиштето. Славјанка Петровска е фатена во лага. Јавноста виде дека таа поседува луксузна хациенда со базен во Радишани, која сакаше да ја сокрие од јавноста“ рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки ги презентираше снимките од сателитско снимање на теренот од кои, како што вели, се гледа како истата го гради целиот комплекс во период од 2009-та до 2016-тата година.

„Очигледно е дека е извршено кривично дело бесправно градење, и е сторен криминал чие санкционирање се регулира согласно 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење, кој во став 1 вели: – Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со казна затвор од три до осум години“ рече Ковачки.

Кривичното дело – Бесправно градење има рок на застарување од 16 години и одговорност за ова мора да има, посочи тој.

„Петровска кажа дека го продала земјиштето во 2011-тата, а директорот на Катастар кажа дека истата го продала дури во 2020-та година. Во случајов вистината ја говори директорот на Катастар. Но, таа го продала земјиштето, но не и хациендата со базен. Хациендата, според евидентен лист е се уште сопственост на Петровска. Според наши сознанија сметките за струја, вода и други услуги кои се користат во хациендата гласат на име на таткото на Петровска“ посочи Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево

Ковачки: Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ