(ВИДЕО) Ковачки до Ахмети: Ако Ковачевски чека одобрување за да отиде на тет-а-тет средба со Мицкоски, дајте му го

Од:

Ковачевски кој што нема никаков авторитет во својата партија и во владата на ДУИ е потполно заборавен и запоставен, истиот не може да донесе ниту една одлука самостојно. Видовме дека тоа не можеше да го направи ниту кога ја поднесуваше својата оставка, односно кога требаше да ги прашува челниците на ДУИ, односно Али Ахмети, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на средбата со жителите при денешната посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Ковачки истакна дека Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи и да прифати тет-а-тет средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Исто се случува и со организацијата на тет-а-тет средбата, односно средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи да ја организира средбата затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ. Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети, додаде тој.

Ковачки упати апел до лидерот на ДУИ Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски за средба со Мицкоски, бидејќи како што рече мора да се најде начин Македонија да излезе од оваа политичка криза во која се наоѓа.

Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација, порача Ковачки.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање