(ВИДЕО) Ковачевски: Улица Јабланица уште едно лажно ветување на Талески

Од:

Се наоѓаме на ул. Јабланица во нас. Горно Оризари. Пред само еден час, овде на ова место кандидатот за Градоначалник од ДПМНЕ, Владимир Талески даде изјава дека овде се работи и се средуваат комуналните проблеми на жителите на оваа населба, рече Васко Ковачевски, носител на Советничка листа од Сојузот за иднината.

Користејќи ја функцијата актуелен Градоначалник, приморувајќи ги фирмите кои што ги извршуваат тендерите, носејќи работници, им даде лажна надеж на овие жители, дека се средуваат проблемите и дека се работи на канализацијата на оваа улица. Меѓутоа само после еден час овде нема ниту машини ниту градежни работници, и повторно после 8 години лаги и манипулации Владимир Талески продолжува со лажните ветувања. Почитувани граѓани на 7 – ми април немојте да потпаѓате на лажните ветувања на Талески и ДПМНЕ. Излезете масовно и гласајте по сопствено убедување.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември