(ВИДЕО) Ковачевски: Талески со поддршка од една третина битолчани

Од:

И покрај два мандати власт, 8 години доверба од битолчани, 200 милиони евра пари на располагање, наклонетост и поддршка од централната власт, јавна поддршка од премиерот и министрите, компромитирање на изборите преку закани и притисоци, фантомски гласачи, бришење на традиционалните гласачи на СДСМ, Талески доби поддршка од едвај 1/3 од битолските гласачи, рече Васко Ковачевски, носител на советничката листа на Сојузот за иднината.

Замислете, две третини од граѓаните на Битола му рекоа НЕ на Талески и ДПМНЕ, а тие се однесуваат како да ја поседуваат општината.

Господине Талески, па вие немате поддршка ни близу од половината запишани избирачи, што е предуслов за неприкосновен легитимитет на секоја висока јавна функција. Ако досега не успеавте да ги привлечите, тогаш не се обидувајте да ги фалсификувате нивните гласови.
Токму затоа јасно Ви порачуваме,

Во вториот круг на локалните избори нема лесно да ги протнете Вашите намери за уште еден изборен фалсификат. Сега многу добро знаеме со кого си имаме работа.

На изборниот ден вашите реализатори ќе се судрат со ѕид. Ѕид на чесноста и правдата, ѕид на вистината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија