(ВИДЕО) Ковачевски: РЕК Битола во тотален колапс!

Од:

Денеска повторно комбинатот РЕК Битола е во тотален колапс. Сите три блокови не работат и се надвор од функција. СДСМ во изминатиот период предупредуваше за она што денес се случи. Бидејќи повеќе од 80% од вкупното производство на електрична енергија во земјава го произведува овој комбинат, јасно е дека со ваквата состојба во РЕК Битола, како и неработењето на РЕК Осломеј државата се потпира само на производство од хидроелектраните, вели Васко Ковачевски.

Малиот капацитет на хидроелектраните доведува да мора да се врши интервентен увоз на скапа струја, а сметката на крајот ја плаќаме, сите ние граѓаните.

И покрај поторошените стотици милиони евра за реконструкции, ремонти и слично, во РЕК Битола постојано има испади и долгорочни дефекти на термоелектраните на комбинатот.

ЕЛЕМ довзолува постојан пад на производството и не инвестира во основната дејност, но затоа фрла 14 милиони евра за рајски градини со мајмуни и желки во скопски Аеродром.

Со ова се потврди дека овај менаџерски тим, поставен од ДПМНЕ, во ЕЛЕМ и во РЕК Битола не е кадарен и компетентен да го води електроенергетскиот систем на Р. Македонија.

Од ваквите состојби единствено добивка имаат партијата на власт ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите најблиски соработници.

За нивната неодговорност цената ја плаќаат граѓаните, кои ќе им ја испорачаат сметката на следните демократски избори кога ќе дојдат промените за подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО