(ВИДЕО) Ковачевски: Нов Клинички центар во Битола, приоритет за СДСМ!

Од:

Гостинот Антонио Милошоски доаѓа овде во Битола само за време на избори, се слика пред болницата без да има претстава во кои мизерни услови се лекуваат пациентите. Ја бара вашата доверба со лажни ветувања, а пак заедно со битолските пратеници од ВМРО ДПМНЕ во парламентот гласаат против сите предложени амандмани за Битола. Ваква лицемерност битолчани не заслужуваат, рече Васко Ковачевски.

Денес ќе промовираме еден од нашите клучните приоритети за Битола.
Во изборната програма „Промени за нов почеток„ предвидуваме изградба на нов Клинички центар, кој што на Битола и регионот и тоа како им е потребен.
Истиот ќе биде основа и за отворање на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултети при Универзитетот во Битола.

Во првите 100 дена Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, значително ќе им ги зголеми платите на докторите, на медицинските сестри ќе им се признаат дипломите за вишо и високо образование со што нивните месечни примања ќе се зголемат.

Ќе биде решен еден од најгорливите проблеми, сите волонтери и вработени со договор на дело ќе добијат решенија за стален работен однос.

Новиот Клинички центар во Битола и останатите мерки кои ги предвидуваме за здраството ќе Ви овозможат похумано и достоинствено место за вашите здраствени проблеми.

Затоа, почитувани сограѓани, во недела, на 27-ми април, гласајте ова да стане реалност во Битола, гласајте за промени!

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус