(ВИДЕО) Ковачевски: Непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола нема крај

Од:

ЛОТО ШОУ-то со најавените социјални вработувања во Македонски шуми, само го потврди НЕПОТИЗМОТ што во државава, а и овде во Битола го практицира владеачката ВМРО – ДПМНЕ, реагира денеска на прес конференција лидерот на битолскиот социјалдемократи Васко Ковачевски.

Една од избраните, што случајно ја извлече компјутерот е извесна В.Ш, која „случајно“ е сопруга на актуелниот советник и портпарол на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, Благој Шаклевски.

Уште една, што „случајно“ ја извлече компјутерот е извесната Б.М.К, која исто така „случајно“ е родена сестра на бизнисменот, вечниот советник, екс-градоначалник и поранешен координатор на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, Златко Милошевски.

Многу случајности на едно место!

Зарем во сите 23 илјади апликации за социјални вработувања, немаше позагрозени од роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ?

Сигурно дека имаше. Ама власта по којзнае кој пат сурово, дрско и безобразно си поигра со најранливите категории – социјалните случаи и самохраните родители. Истовремено навредувајки го интелектот на граѓаните.

Затоа го прашуваме министерот Иво Ивановски, битолчанецот, пред чии очи се одвиваше поигрувањето со социјалците – дали ќе ги потпише решенијата за вработување блиски роднини на фунционерите од Битола?

Се потврди дека лотаријата за социјални вработувања беше една од многуте замајувања на јавноста. Што во суштина не е ништо друго туку задоволување на личните потреби на партиските функционери и прибежиште на партиските активисти.

Од граѓани, на кои реално им е неопходно вработување, секојдевно ни пристигнуваат информации и за други вработувања на истакнати партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе ги објавиме во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски