(ВИДЕО) Ковачевски: Наша обврска ќе биде изградба на нов стадион во Битола

Од:

„Во 8 – те години од своето владеење на сите избори, без разлика дали биле локални, парламентарни или претседателски, ВМРО-ДПМНЕ нудеше проекти за изградба на нов стадион во Битола.

Не само што не изградија, туку и овој постоечкиот го оставија да пропаѓа.Но бидејќи сега пак има избори, нивните старо-новите лаги повторно воскреснаа, и пак нудат изградба на стадион“, изјави Васко Ковачевски, Носитела на пратеничката листа за ИЕ 5.

„Кој ги попречуваше во овие 8 години пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, гостинот  Антонио Милошоски, градоначалникот Владимир Талески и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола Зоран Илиоски да изградат стадион?

Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ не треба да му се верува!

Почитуваниграѓани, ние не ветуваме туку јавно се обврзуваме, дека еден од нашите приоритети како идна власт, ќе биде изградба на нов стадион под “ Тумбе Kафе ”, по европски и светски стандарди.

Истовремено, земаме обврска дека комплетно ќе биде извршена реконструкција на спортската сала “ Младост “ во Битола.

Со овие мерки, спортот во нашиот град ќе го вратиме на старите патеки, како во времето кога во Битола доаѓаа реномирани европски екипи.

Битола заслужува силни фудбалски, ракометни и кошаркарски клубови, кои со своите резултати, ќе бидат магнет за младите масовно да спортуваат.

За ова да се реализира, најмногу  може да помогнете Вие доколу во недела на 27ми април гласате за Стево Пендаровски со заокружување на бројот 3 и за листата на пратеници на СДСМ и здружената опозиција со заокружување на бројот 1“, рече Васко Ковачевски, Носитела на пратеничката листа за ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба