(ВИДЕО) Ковачевски: Ќе понудиме мерки за поттик на развој на локалната економија

Од:

Денеска на прес конференција, Васко Ковачевски претстави дел од визија за подобра иднина на битолчани:

– Ќе понудиме концепт за јавно-приватно партнерство, што ќе поддржува идеи кои вработуваат најмалку 5 лица.

– На домашните и странските инвеститори бесплатно ќе им ги понудиме објектите и стопанските капацитети кои се вон функција, доколку истите бидат рестартирани и модернизирани во рок од една година, и каде би биле вработени најмалку 5 лица на одредена површина;

– Со цел привлекување на изградени брендови, секој претприемач кој ќе сака да склучи договор за франшиза со друга компанија, ќе има можност да конкурира за франшизинг заем. Вкупниот фонд за оваа намена ќе биде 300 илјади евра. Максималниот износ за преприемачот ќе биде до 30 илјади евра со една година грејс период, а остатокот ќе треба да биде вратен на 48 еднакви рати, без камати.

Овие и уште многу други мерки и решенија, ќе претставуваат значаен поттик за раздвижување на локалниот економски развој, во периодот после 24-ти март, кога општина Битола ќе ја води нова локална власт предводена од Менде Динески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија