(ВИДЕО) Ковачевски: Фирми блиски до Груевски и Мијалков се богатат, граѓаните на раб на сиромаштијата

Од:

– Вистинската причина зошто ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието се криминални интереси. Додека 500 илјади граѓани се на работ на сиромаштијата, фирми блиски до братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков се богатат, рече Васко Ковачевски, СДСМ.

Тој кажа дека е неодговорно да се тврди дека било итно да се склучи договор за ископ на јаглен и јаловина без тендер и праша како од сите фирми договорот за ископ вреден 5 милиони евра го добила токму „Марковски компани“.

– Очигледна е тенденцијата парите да завршат во оваа фирма. Ова е причината зошто се блокира правдата и одговорноста, рече Ковачевски.

Тој кажа дека согласно Уставот и Деловникот ќе изберат претседател на Собранието и го повика Трајко Вељаноски да престане да го крши Деловникот на Законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено