(ВИДЕО) Ковачевски: Еве зошто граѓаните и фирмите плаќаат дури 75 проценти поскапа струја

Од:

Власта го потврди откажувањето на Блок 1 во РЕК Битола поради нов дефект. И покрај потрошените над 60 милиони евра народни пари, за реконструкција и доопремување. Еве зошто денес граѓаните и фирмите во Македонија плаќаат дури 75% поскапа струја, од увоз, рече Васко Ковачевски.

Вкупното производството на струја неколку години во континуитет опаѓа.

Поради нестручно, неодговорно и некомпетентно однесување, РЕК Битола произведува помалку струја наместо повеќе.

Според информациите со кои ние располагаме, повеќе од 40 дена во застој е и производството на струја од ХЕЦ Маврово.

А пак од почетокот на оваа година не работи ниту РЕК Осломеј.
Тоа се 500 мега вати помалку домашно произведена електрична енергија.

Владата на Никола Груевски, не само што не изгради ниту еден нов енергетски капацитет, туку Македонија ја направи зависник од скапа увезена струја.

Пред десет години, Македонија произведуваше многу повеќе струја а увезуваше многу помалку. Затоа и цената на струјата беше помала.

Цели 8 години СДСМ укажува на погубната политика на оваа власт за состојбите во енергетскиот сектор.

Загриженоста на граѓаните е како ќе се издржи престојната зима со навремена и квалитетна испорака на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски