(ВИДЕО) Ковачески: Време е друг да го преземе раководењето со седницата за да го откочиме демократскиот процес!

Од:

„Сега ќе ве наречам колега Вељаноски. Вие сте колега Вељаноски главната и основна причина 5 дена граѓаните на Р.Македонија во оваа просторија, во храмот на демократијата, во Собранието на Р.Македонија да гледаат циркус и рашомонијада.

Цели 5 дена од самиот почеток кога продолживме со конститутивната седница и требаше да дискутираме и дебатираме по третата точка од дневниот ред , а тоа е избор на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за прашање од избори и именувања вие дозволивте за дискусија да се пријават 50 луѓе, сите пратеници од средниот ред од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и на сите овие 50 говорници повторно од оваа страна да се пријават по 50 репликанти.

Со тоа, директно го загрозивте и го прекршивте членот 90 од Деловникот кој кажува дека говорникот може да говори само по прашања по кои се води претрес.

Дискутантите кои се од ова страна, овие 50, говорат само во првите десет секунди за точката од дневен пред, а останатото време од 10 минути го трошат за некакви црни сценарија, за поделба на државата, за федерализација, за двојазичност и така натаму. Вие сте најдкирено одгововорен.

И кога веќе лошо ја водите оваа седница, време е да станете од тоа столче и водењето на конститутиувната седница да го презеде некој друг.

Да го завршиме дневниот ред и понатаму да го откочиме демократскиот процес во Македонија“, рече пратеникот Васко Ковачески.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски