(ВИДЕО) Котевски: Полицијата не избира кога ќе распише потерница

Од:

Полицијата не одлучува кога ќе распише потерница, го прави откако судот ќе го побара тоа, изјави порпаролот на МВР, Иво Котевски. Вака го објасни фактот што потерницата за претседателот на Советот на општина Центар беше распишана вчера – на само ден откако Шиповиќ најави дека се враќа во земјава.

Котевски не прецизираше кога Шиповиќ би бил екстрадиран во Македонија, оти допрва следувале административни работи кои треба да се завршат. Надлежноста од МВР ја превземало Министерството за правда, а полицијата со колегите во Виена откако ќе ги завршеле сите неопходни постапки, ќе одлучат како Шиповиќ ќе биде донесен во земјава.

Мирослав Шиповиќ дента кога започна акцијата „Претседавач“, во која беа уапсени неговиот брат и членови на Управниот одбор во Машинопромет, најави дека не планира да бега и дека се враќа на 15-ти октомври. Случајот го оквалификува како политичка хајка против него и пресметка на ВМРО-ДПМНЕ со општина Центар.

Актуелната власт според него се плаши да не излезе на виделина ревизијата за проектот „Скопје 2014“, а со тоа според него ќе се откријат сите криминали на оваа власт.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ