(ВИДЕО) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го признаат македонскиот јазик откако тоа го сторија ЕУ и целиот свет

Од:

Потпишувањето на договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик, без фусноти, без додавки е историски успех за нашата држава на кој сите треба да сме горди. Но слично и со членството во НАТО, слично како и за започнувањето преговори со ЕУ, единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица не честитаа на овој државен успех. Тоа е затоа што овие две партии се антиевропски, деструктивни субјекти кои ширеа лажни вести и работеа против интеграцијата на државата во ЕУ“, вели пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Костовски посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги, за сите подбуцнувања на насилни протести каде злоупотребија млади луѓе да напаѓаат полицајци и државни објекти“.

„Откако со договорот за Фронтекс ЕУ како и светот ги признаа официјалниот македонски јазик, ред е тоа да го сторат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица. ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа тие кои македонскиот јазик со месеци го нарекуваат западнобугарски дијалект, ‘северџански’ и користеа други погрдни зборови со што правеа штета на сопствениот македонски јазик и го омаловажуваа македонскиот идентитет“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски