(ВИДЕО) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине блокадата во Собранието и да ги поддржи законите за енергетската криза

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во изминатиот период покажа одговорност и посветеност во справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Со поддршка на пратениците од мнозинствово, македонското Собрание поддржа низа на мерки и политики предложени од Владата за помош на граѓаните, компаниите, ранливите категории граѓани, но и за училиштата, општините, болниците“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Во пресрет на најтешката зима обезбедена е храна, енергенси, и парно греење, струјата се субвнеционира до 80% за граѓаните и за 72.000 компании.

Ова е период кога во Собранието треба да се соработува, да се дејствува заеднички во интерес на граѓаните, на економијата и државата. Очекуваме тоа да го препознаат и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да прекине блокдата на Собранието.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сега треба конечно да се откажат од блокадите на Собранието.

Повикуваме на деблокада и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на законите кои се битни за поефикасно справување со кризата, но битни и за напредокот на нашата држава

Тука се пред се измените на Законот за енергетика, за енергетска ефикасност и Законот за градба, со кој се олеснува поставувањето на фотоволтацили, но и други закони.

Понатаму, поддршка и деблокада на Предлог законото за гаранција на обврските за заем и финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ во услови на енергетска криза од ЕБОР. Надлежната комисија се уште нема свикано седница.

Законот за нафта и нафтени деривати, како и спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост и нивна прераспределба кон ставки кои се однесуваат на справување со енергетската криза.

Сите овие законски измени се важни за последиците од кризата да бидат пребродени што поефикасно и со што помалку штета врз граѓаните, врз стопанството и врз енергетскиот сектор.

Над 50 закони се закочени во Собранието и тоа е неодговорно во време на криза.

По неколкумесечни блокади, ВМРО-ДПМНЕ има можност да се престрои на страна на интересите на граѓаните, конечно да покаже одговорност и да се вклучи во процесите.

Државата, граѓаните, немаат време за губење, повикуваме да прекинат блокадите на македонското Собрание, да се обезбеди ефикасност во носење на законите и поддршка на клучните закони за енергетската криза“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов