(ВИДЕО) Костовски: Секој обид да се прескокне потписот на Иванов е институционалното насилство

Од:

„Евентуалниот обид на власта да продолжи диво и нелегално да гази по правниот систем во државата ќе биде причина за нови кривични пријави кои не застаруваат и за кои потоа ќе се бара индивидуална одговорност.

Без потпис на Указ за стапување на сила на законот за јазици, од страна на Претседателот на државата , секое објавување во Службен Весник и негова понатаможна примена ќе биде нелегална.

Секој обид да се прескокне потписот на Претседателот на државата, г-нот Ѓорѓе Иванов ќе биде нелегален.

Тоа значи дека нелегалната и антиделовничка одлука на Собранието која насила ја донесоа на 14 март не е закон се додека не се попише со Указ од страна на Претседателот на државата и се додека врз основа на тој указ не биде објавена во Службениот Весник.

Секоја одлука спротивна на ова ќе биде континуитет на институционалното насилство на кое кумува СДСМ и силувањето на демократијата со цел да се одржи владината коалиција“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија постои нешто што е многу поважно од одржувањето на власт на двајца, тројца или десетина политичари, а тоа е уставниот и правниот поредок на државата.

Само за потсетување на јавноста, а посебно на СДСМ. Собранискиот спикер не може да го заменува шефот на државата во услови кога тој во целост ја извршува својата функција. Уставниот суд ваквата постапка ја оценил како противуставна. На ова упатува одлуката од 1998 кога имало ваков обид од страна на Тито Петковски по повод законот за знамиња на националностите.

Петковски тогаш се потпишал на указот на местото на претседателот Киро Глигоров кој бил на службено патување, а по ова Законот за знамиња бил објавен во службен весник со два потписа од тогашниот собраниски спикер. Година дена подоцна Уставниот суд одлучил дека законот е неуставен, а уште побитно како неуставна ја оценил и постапката на Петковски за потпишување на указот, бидејќи на претседателот на Републиката не му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши.

Во овој случај уставните судии се повикувале на Членот 92 од Уставот каде што е дефинирано кога собранискиот спикер ја врши функцијата на претседател на државата. Во овој член се утврдени три ситуации кога Претседателот на Собранието е овластен да го заменува. Тоа е:

1. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот на Претседателот по сила на Уставот до избор на нов шеф на државата.

2. Кога Настапилe услови за престанок на функцијата претседател што го утврдува Уставниот суд по службена должност.

3. Во случај на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

Ниту еден од овие услови не е исполнет за да може Талат Џафери да си земе за право да потпишува Указ во ме на Претседателот. Секој таков обид ќе биде еклататно кршење на Уставот и тоа, повторуваме, ќе биде дело кое ќе носи политички и кривични последици од сите кои свесно ќе учествуваат“, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски