(ВИДЕО) Костовски: Нека е честито почеток на преговори со ЕУ

Од:

„Нека е честито почеток на преговори со Европската унија! Денеска е историски ден за Република Северна Македонија за сегашните и за идните генерации.
По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ. Со одржувањето на првата меѓувладина конференција денеска во Брисел, започна преговорите со Унијата“. Ова го истакна Мартин Костовски, пратеник од редовите на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.
Македонскиот јазик одекна во Брисел, македонскиот јазик влезе во ЕУ.

Не смао што се говореше на македонски јазик, беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки.

Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ.
Ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност, во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Со ова, пропаднаа во вода сите лаги што со месеци ги слушавме од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, дополни пратеникот од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните