(ВИДЕО) Костовски: Мицкоски се обиде да ја ослабне државната позиција со Бугарија, но не успеа

Од:

„Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослабне државните позиции во односите со Бугарија. Мицкоски лично присуствуваше на Конгрес на Европската народна партија каде премолчено се согласи на Резолуција која ги промовираше бугарските позиции“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозел идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал а државата ќе се бугаризирала.

Со таквото срамно однесување, Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси.

За среќа, таквите негови обиди пропаднаа.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија, се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во македонското собрание.

За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било.

Откако не успеа обидот на Мицкоски да ги сруши државните позиции време е тој да смогне сили и да им се извини на граѓаните.

СДСМ како и досега продолжува да бара решенија за евроинтегративниот процес, со целосна заштита на македонскиот идентитет, јазик и посебност“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО