(ВИДЕО) Костовски: Мицкоски и Апасиев доживеаја пораз на изборите и добија жежок шамар од граѓаните

Од:

„На вонредените локални избори анти европската коалиција на Мицкоски и Апасиев доживеа пораз, им се случи дебакл. Двојна победа на СДСМ и коалицијата во две општини каде што имаше избор за градоначалник и драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ е резултатот на овие избори“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Пораката на граѓаните е жежок шамар за Мицкоски и Апасиев. Не сакаат граѓаните блокади, деструкции и лаги. Сакаат напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина.

На првото изборно соочување Ковачевски го победи Мицкоски. Затоа и го нема Мицкоски да се јави 5 дена, макар и на својот Фејсбук профил.

Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен и уште поголем бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата.

Тој член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови. Кандидатот му бил дел од Извршниот комитет ама Мицкоски не го претсавува ниту него ниту дргугите членови на ИК на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Ете до толку се плаши Мицкоски од поразите кои ги ниже. Истовремено, на вонредните избори за советници во општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ забележа драматичен пад на поддршката од граѓаните. Од скоро 6.000 гласови во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ падна на 3.000 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.

Ученикот Апасиев го надмина падот на професорот Мицкоски, во Тетово не освои ниту еден, повторувам ниту еден советник.

Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека Мицкоски и Апсиев немаат поддршка од граѓаните.

Сите анкети што ги нарачуваа и лажно ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ се потврди сега дека се лажни и погрешни“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски