(ВИДЕО) Костовски: Фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена

Од:

Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе. Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која треба да даде одговори, но и да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се сѐ поочигледни. Денес, отвораме нов и мошне сериозен аспект од оваа трагедија – улогата на Управата за јавни приходи. Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година, изјави Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.

– И тука се поставува суштинското прашање: Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година? Според член 117 од Законот за стечај, ако фирма има блокирана сметка повеќе од 45 дена и не исплаќа плати и придонеси подолг период, УЈП има законска обврска да поднесе барање за отворање стечајна постапка и да предложи мерки за обезбедување на имотот. Ако блокадата била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требала да постапи, а клубот „Пулс“ требал да биде затворен. Но, клубот продолжил да работи. И 59 животи беа загубени. Ова не се технички грешки. Ова се системски прашања. Затоа, денес, СДСМ поставува неколку директни, но неопходни прашања до истражителите, до МВР, до Јавното обвинителство:

🔴 Дали е точно дека Управата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска согласно член 117?

🔴 Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено?

🔴 Дали некој ја стопирал постапката? И ако да – зошто? Со каква цел?

🔴 Дали ова е уште еден случај на неажурност, или станува збор за заштита на нередовности и политички врски?

СДСМ не изнесува заклучоци. Но СДСМ бара одговори. Tрагедијата во Кочани не е последица на една грешка – туку на ланец од институционални пропусти. Секој пропуст мора да биде идентификуван. Секој виновник мора да биде повикан на одговорност. Државата мора да покаже дека законот важи за сите. И дека никој – ама баш никој – не смее да биде над него, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС, сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побара истрага

Предраг Петровиќ

СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

А1он

Остануваат во куќен притвор двајцата екс градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите

А1он