(ВИДЕО) Костовски: Адвокатската канцеларија на Дејан Костиќ наплатила услуги кои нема никаква потреба да ги врши

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека адвокатската канцеларија на Дејан Костиќ, близок на генералниот секретар Драги Рашковски очигледно била омилената канцеларија на владата на која и се исплаќаат дебели хонорари и кога треба и кога не треба.

– Оваа адвокатска канцеларија наплаќала услуги за кои нема никаква потреба да ги врши, односно да присуствува на управни одбори на државни институции. Имено, адвокатската канцеларија на Костиќ, според она што го објавија медиумите не само што наплатила 25.000 денари за еден ден со фактурата со сериски број 053-11 од 2017 година за управен одбор на Јасен, туку наплатил и уште една фактура со државна институција овојпат во вкупен износ од 36.788 денари. Адвокатската канцеларија на Костиќ веројатно за само неколку часови ги заработиле овие пари, бидејќи за изготвување на пријава до централен регистар наплатил 7.080 денари, за административна такса наплатил 1.624 денари, за полномоштво 1.534 денари, за присуство на две седници на Управен одбор 21.240 денари и замислете за еден час давање напатствија 5.310 денари. Односно вкупно 36.788 денари народни пари залудно и сосема непотребно дадени на адвокатската канцеларија блиска до Рашковски. Вршењето и наплаќањето на вакви непотребни услуги, значи класично испумпување на средствата од буџетот, рече Костовски.

Тој запраша уште колку пари на граѓаните завршиле во нивниот џеб.

– Ова сосема наликува на практиката на Зоран Заев од Струмица каде што тендерите се користеа да се испумпуваат народни пари во џебовите на роднини, пријатели и бизнис партнери на кланот Заеви. Разликата е што сега ја применуваат истата на централно ниво. Уште колку вакви фактури со дебели хонорари и се доделени на омилената владина адвокатска канцеларија од државни институции, за услуги за кои немало никаква потреба? Зарем нема други адвокатски канцеларии во Македонија, па морало тоа да биде оваа и тоа за различни институции?, запраша Костовски.

Според него, ова било најдобриот показател за расипништвото на СДСМ кои за три месеци успеале да потрошат 350 милиони евра, а резултат од тоа за граѓаните нема.

– Гледаме дека резултатот од потрошените стотици милиони евра се набавките на луксузи, лешници, фстаци, морски плодови, но и исплатата на дебелите хонорари на лица како адвокатот Дејан Костиќ , човек од доверба на генералниот секретар Драги Рашковски. Многу скоро ќе дојде крајот на ова расипништво и недомаќинско работење, а со заминување на СДС од власт ќе се врати правната држава и секој индивидуално ќе одговара за незаконитостите што ги правел, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ