(ВИДЕО) Костова: Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитата, а работниците ги третираат како евтина работа сила

Од:

Шест месеци Влада на ДПМНЕ и Мицкоски беа доволни за да видиме како се уриваат стекнатите права на работниците, како им се погазува достоинството и им се намалува животниот стандард. Граѓаните, работниците се соочуваат со економска несигурност и постојано осиромашување. Додека сè поскапува, работниците не можат да се ги дозволат ниту основните производи пред празниците, платите се заковани и не мрдаат. Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитата, а работниците ги третираат како евтина работа сила. Власта не прифаќа покачување на минималната плата, им удоволува на големите трговци и бизнис партнери кои се богатат на грбот на народот, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

– Како тоа да не е доволно, власта подготвува нов удар врз работниците: укинување на „недела неработен ден“. Овој проект СДСМ го воведе за да им овозможи на стотици илјади работници гарантиран слободен ден, да имаат повеќе време за нив и за нивните семејства. Оваа политика беше поздравена од граѓаните и работниците, а сега се доведува во прашање под притисок на трговците и бизнис интересите на власта.

Со оваа одлука Мицкоски и ДПМНЕ директно го потценуваат трудот на работниците и ја негираат важноста на нивниот одмор и времето за семејството. Во време кога во општеството се соочува со се поголеми предизвици во самите семејства, девијантни однесувања, сегрегацијата, булинг во училиштата оваа одлука е крајно лоша и со големи негативни последици за општеството. Власта сака од работниците да направи робови кои ќе работат за елитата и бизнис партнерите на Мицкоски да се богатат и да уживаат.

Изговорите на власта дека во одредени дејности и сега се работи и дека поради тоа треба сите да работат во недела воопшто се неиздржани. Прво, работат мал број на дејности во кои производство е во таков процес да не смее да се прекине, работат аптеки, пекари и така натаму. Целите на секоја Влада треба да биде намалување на овие дејности а не зголемување. Затоа, СДСМ е категорично против укинувањето на недела неработен ден, тоа е директен удар врз работниците, нивното достоинство и нивното слободно време. ДПМНЕ мора да престане со сервилноста кон елитата и да започне да работи во интерес на народот. Ние како партија остануваме цврсто на страната на граѓаните, на страна на работниците бранејќи ги нивните права и интереси, рече Костова.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје