(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Од:

„Секој збор е мал кога се соочуваме со загуба каква што ја доживеа Кочани, роднините и семејствата на настраданите. Секој обид за утеха е тивок пред тагата на семејствата што изгубија сѐ. Но, како луѓе, како општество, имаме обврска – да покажеме дека сме тука за нив кога им е најтешко. Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани што го поднесовме е чин на солидарност, човечност и грижа. Законот содржи вистински решенија за помош и поддршка, не за политички поени“ рече денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Вели „Искрена е намерата да помогнеме – на оние кои останаа без најблиските, на оние кои се повредени, на оние кои денес се борат и со физичка и со душевна болка.
Законот предвидува:
-директна финансиска поддршка за семејствата на настраданите,
-помош за повредените, вклучително и оние со долгорочни последици,
-поволности за децата кои поради лекување се отсутни од настава,
– мерки за здравствена, социјална и заштита во делот на работните односи“ рече Костова.

Според неа „овој закон ги опфаќа и семејствата од претходни тешки трагедии – Тетово, Ласкарци, Беса Транс, а со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства. Нема закон што ќе ја избрише тагата. Но, со израз на солидарноста и грижата мора да покажеме дека државата не ги игнорира, туку знае да застане зад своите граѓани кога им е најтешко. Дека институциите знаат да бидат со своите граѓани – не со зборови, туку со дела“.

„За трагедијата во Кочани мора да има правда, одговорност, но и институционална, државна поддршка на сите на коишто им е потребна и неопходна. Во СДСМ веруваме дека кога станува збор за солидарноста и за човечката грижа, не смее да има партиски разлики, ниту политички поделби. Затоа, уште еднаш ги повикуваме пратениците од владејачката партија: да го преиспитаат својот став, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за ова законско решение. Да ја потврдиме најважната вредност – дека сме луѓе и дека можеме заедно да направиме нешто кога е најтешко“ рече Костова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Семејна фирма на Томовски од СОЗР ги „чисти“ парите на граѓаните и тоа во милиони евра

А1он

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!