(ВИДЕО) Костадиновска: Законот за спречување и заштита од дискриминација е потврда на заложбите на СДСМ за градење фер општество

Од:

„Заложбите за градење, еднакво, праведно и правично општество, ги остваруваме преку конкретни законски решенија.

Парламентарното мнозинство го усвои Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ова законско решение обезбедуваме ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.

Она што е важно е фактот што новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од граѓанските организации кои се занимаваат со прашањата од оваа област“, рече Бисера Костадиновска, пратеничка на СДСМ.

„Со Законот за спречување и заштита од дискриминација, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.

Истовремено, овој Закон има за цел да го зајакне и капацитетот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и проширување на нејзините надлежности во делот на превенција.

Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, чија основна грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

Законот за спречување и заштита од дискриминација, обезбедува целосна заштита од секаков вид на дискриминација и затоа е важно законско решение кое е во интерес на граѓаните, државата и општеството.

Како одговорно парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на сите категории граѓани и продолжуваме да работиме во нивен интерес“, изјави Бисера Костадиновска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче