(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Ја намалуваме старосната граница и го зголемуваме опфатот на деца кои добиваат лична асистенција

Од:

Усвоени се измените на Законот за социјална заштита, со кои границата за лична асистенција се спушта од 18 на 6 години, информира пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Според неа, со измените секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент веќе со навршени шест години.

На овој начин, рече таа, ќе се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, активности кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.

Со овие законски измени, според Костадиновска Стојчевска, се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.

„Го поттикнуваме личниот и образовниот развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив. За нас, детската и социјалната заштита се врвен приоритет. Затоа носиме решенија кои го олеснуваат животот на граѓаните, но и обезбедуваат еднакви шанси за личен и образовен развој на секое дете“, рече таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски