„Од она што го слушнавме од работните групи дека нема никакво поместување во ставовите, знаете дека позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна, тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од ЕУ, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски“, одговори портпаролот и пратеник на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов на новинарско прашање.
