(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ знае само да брани криминал, одговорност мора да има за сите отворени случаи

Од:

„Ние апелираме до сите надлежни иституции она што беше до нас како пратеници, како парламент да придонесеме во однос на реформите во правосудството со самото носење на Закон за ЈО, со сите идни реформи коишто ги планираме во однос на правосудството, апелираме до надлежните институции да ги расветлат сите случаи коишто се во тек и секако конечно по примерот и со Гордана Јанкулоска да завладее правдата и правото во Република Северна Македонија. Само на тој начин со бескомпромисна борба против криминалот, против корупцијата, со сериозна борба против криминалците особено против оние коишто 11 години ја тероризираа државата, ќе ја вратиме довербата на граѓаните и во правосудството. но најважно довербата на граѓаните во државата и во институциите“, одговори Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на новинарско прашање.

„Како што веќе одговорив, како политичари мораме да придонесеме без да се мешаме во одлуките на независното судство, без да се мешаме во одлуките на правосудните органи, да дозволиме да завладее правото и правната држава. Не очекувам ништо од опозициската ВМРО-ДПМНЕ којашто единствено нешто за коешто се грижи е спас за криминалот и криминалците што сеуште ги имаат , а тоа можевме да го видиме и со последните случувања и ангажирање на луѓе во Извршниот Комитет, не можам да очекувам од такви луѓе да застанат и да го поддржат правото и правдата. Од ВМРО-ДПМНЕ единствено нешто коешто го гледаме, а сведок е целата македонска јавност дека навистина единственото нешто за коешто се грижат првично е спас на фотељата на Христијан Мицкоски внатре во партијата и секако спас за криминалот и криминалците. Таа борба на ВМРО-ДПМНЕ во блокирање на владеењето на правната држава со сигурност можам да ве уверам дека ќе биде неуспешна“, додаде Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски