(ВИДЕО) Костадинов: Составот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека е нереформирано

Од:

„Составот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува деструктивната и антидржавна матрица во која е заглавено ВМРО-ДПМНЕ.

Во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец губитникот Христијан Мицкоски си скрои извршен комитет составен од докажани деструктивци кои работат против интересите на граѓаните и државата.

Меѓу нив е и Гордана Димитриевска Кочовска, дополнителната заменичка министерка во преодната Влада“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.

„По налог на нејзиниот шеф Мицкоски, Кочовска намерно блокираше заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра, пари кои во најголем дел беа наменети за зајакнување на здравствените капацитети во борбата против коронавирусот.

Кога не блокираше заеми, Кочовска редовно пласираше лажни вести преку кои се обидуваше да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.

Со таквото дејствување, Кочовска застана против интересите на граѓаните и државата, застана против здравствениот систем.

За целиот период во Владата како дополнителна заменичка министерка, граѓаните од Кочовска не видоа ништо освен деструкција и лажни вести.

Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски а раководена од Будимпешта, останува нереформирана, назадна и деструктивна партија посветена на одбрана на криминалот во сопствените редови.

Со таквиот нечесен, незрел и неодговорен однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго остануваат во опозиција“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени