(ВИДЕО) Костадинов: Со кои структури во Бугарија интензивно соработува Мицкоски?

Од:

„Во име на државните и национални интереси на нашиот народ, јавно го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори: Со кои структури во Република Бугарија интензивно соработува во овој период?

Вчера, во обраќањето пред неговите малубројни поддржувачи, на она срамно дефиле пред Владата, Христијан Мицкоски рече дека има, цитирам, „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација?

Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници?

Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции?

Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија.

Клучното пршање е за кого одработува Христијан Мицкоски?

За чии странски интереси, за кои центри?

Во време кога се наоаѓаме во многу важен период за македонската иднина, за членството во ЕУ но и иднината на државата Мицкоски работи против сопствената држава.

Масовно и оркестрирано се шират невистини, се пласираат лажни вести, се поттикнуваат конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.

Слично како и потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги дека толку со македонскиот идентитет за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен.

За македонскиот идентитет не се разговара, и не може да се разговара ниту ќе разговара.

Мицкоски, на твоја огромна жал. Ние сме Македонци! Зборуваме македонски јазик кој НЕМА бугарски корени!

Македонската иднина е во и со Европа! И Македонците не се хистерични како што ти ги навредуваш! Излези и кажи за кои структури одработуваш против сопствената држава и сопствениот народ?“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија