(ВИДЕО) Костадинов: Силјановска е како Иванов, брани криминалци, насилство, делува по налог на Мицкоски

Од:

„Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, е иста како Ѓорѓе Иванов. Силјановска исто како и Иванов, брани криминалци, не осудува насилство, постапува исклучиво по партиските директиви на Мицкоски, промовира политики проитв напредокот, притив ЕУ и НАТО.

Исто како Иванов, Силјановска лажно се претставува како натпартиски кандидат, а граѓаните знаат, Силјановска е кандидат на Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Последен е примерот со становите на синот на Иванов“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Силјановска коментира се и се што но за становите на синот на Иванов молчи. Исто како што молчи за штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои ниту еднаш ги нема осудено.

Силјановска, сака да биде новиот Иванов, партиски послушник кој ќе брани партиски интереси и ќе работи спротивно на интересите на граѓаните.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска. Нема да дозволат нов партиски послушник дополнително да ја девалвира функцијата Претседател како што тоа десет години го правеше Иванов.

Граѓаните знаат дека гласот за Силјановска е глас за враќање назад, во минатото, во изолацијата. Гласот за Силјановска е глас против напредокот.

Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој обединува. Претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните.

Тоа е Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани кој ја води државата напред кон развој и интеграција во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната