(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ носи закони важни за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира, се заканува и шири лажни вести

Од:

„Вчера парламентарното мнозинството предводено од СДСМ донесе важни законски измени кои го подобруваат животот на граѓаните.

Ги усвоивме измените на Законот за работните односи со кое се носи можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст а мажите со 64, а продолжување на работниот однос до 67 години, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Ги изгласавме измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со цел негова успешна имплементација во услови на пандемија. Преку овие измени на Законот се овозможува корисникот на субвенционирниот оброк да може го оствари своето право кај секој трговец, а со овој закон 15 милиони евра ќе завршат кај околу 40.000 студенти.

Дел од Шар Планина станува Национален парк, со што државата го добива својот четврти национален парк.

Сето ова се мерки донесени во еден ден кои позитивно влијаат на квалитетот на живот на огромен број граѓани.

А што во меѓувреме правеше ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден?

Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ЗА усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на Законот за додадена вредност и намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ продолжи да шири лажни вести за македонскиот јазик иако и Владата и СДСМ секојдневно го повторуваат јасниот став дека за македонскиот јазик нема и нема да им никакви преговори.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вчера како во старите насилнички режимски времиња упадна на седница на Совет на општина Ѓорче Петров, во која и не живее со цел да ја прекине седницата и да предизвика скандал.

Ете тоа нуди ВМРО-ДПМНЕ, лажни вести, насилство, дејствување против интересите на граѓаните.

Огромна е разликата меѓу концептот на СДСМ кој води напред и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја враќа државата назад и таа разлика ќе се потврди на локалните избори каде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат казнети од граѓаните за сето тоа деструктивно однесување“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“