(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ е со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Од:

„Разликата меѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се потврдува и продлабочува.

Додека СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните, на маалски и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести.

СДСМ ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина, заедно е со граѓаните, го слуша нивниот глас, ги следи нивните потреби и ги претвора во конкретни решенија“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во континуитет остануваат единствени на браникот на криминалот.

Дури и нивниот блеф за наводен нов концепт, наводни нови политики, испари за само неколку дена.

Знаат граѓаните дека тоа не е искрено, дека не е чесно од страна на Мицкоски и затоа не му даваат доверба.

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ се премачкува со разни бои, бадијала краде слогани од СДСМ.

Не постои боја што може да го префарба и да го покрие криминалот и корупцијата што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години.

Ниту една боја, ниту еден украден слоган не може да го сокрие антидржавното однесување и штетите што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги нанесуваат на државните и националните интереси.

Со ниту една боја не можат да се покријат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, блокадите на изградбата на нов Клинички центар, блокадите на Законот за наставници, но и претходните блокади на законите за антикризните мерки.

Не е можен нов концепт со стари, режимски луѓе, тоа е обичен блеф, осуден на пропаст.

Граѓаните тоа го знаат, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се таму каде што се, во длабока опозиција каде долго и ќе останат.

Затоа СДСМ е фаворит на следните избори, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за нивната општина, најдоброто за државата“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски