(ВИДЕО) Костадинов: Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување седница на Собранието

Од:

„Точно е дека СДСМ, дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија собираме потписи за свикување на седница на Собранието. Секако станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери“, одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на новинарско прашање.

„Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција. Секако сметаме дека за тоа се пропишани и сме во согласност со Уставот на државата, и затоа од таа причина сметаме дека треба да направиме уште еден обид во тој дел. Добро е да се свика Собранието имајќи го во предвид времетраењето на оваа здравствена криза но секако и потврдувањето на одлуките на Претседателот на државата“, кажа Костадинов.

Тој ги отфрли сите шпекулации за наводен обид на пратеничка група на СДСМ за тргнување на претседателот на Собранието, Талат Џафери секако дека ги отфрламе.

– Секако правиме консултации и со пратеници од други пратенички групи со кои го делиме истото мислење и денеска или во текот на утрешниот ден иницијативата ќе биде доставена до претседателот на Собранието, рече портпаролот на СДСМ, Костадинов.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје