(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски да излезе и да се извини на македонскиот народ за лагите и хистеријата

Од:

„Срушени се сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродавал македонскиот идентитет, потопени се сите лаги на Христијан Мицкоски дека се распрачувала нашата татковина.

Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски.

Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција.

Пред само неколку денови Мицкоски на собир за одбрана на својата фотелја лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Клеветеше дека се распродава идентитетот, дека се тргува со антифашистичкиот темел на нашата држава, ширеше лажни вести, поттикнуваше говор на омраза.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои гласно навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори. Единствените кои намерно и свесно блокираа реформи и закони важни за интеграцијата во ЕУ, но уште поважни за нашите граѓани.

Нивните лаги дека освен Бугарија и други земји не ја поддржуваат нашата интеграција ја демантираа европски држави.

Секогаш кога се работи за државните и национални интереси, Мицкоски го покажува своето антидржавно и антиевропско лице.

Таков е и случајот со стратешката грешка и неодобрувањето на меѓувладината конференција за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија.

Не издржа Христијан Мицкоски, па поита овој пораз на европските вредности, да го воспева како своја победа.

Ништо ново од партијата која правеше се за да го блокира напредокот во интеграцијата, партијата чиј претседател не смогна сили ниту да го честита членството во НАТО.

Се потврди дека се што излегува од устата на Мицкоски е ноторна лага и ова е уште еден негов пораз.

Затоа Мицкоски, те повикуам да излезеш и да им се извиниш на граѓаните за сите твои лаги, клевети, хистерии со кои работеше против својата татковина, против својот народ.

Излези и извини се на македонскиот народ! Излези и извини се на сите наши граѓани!

Остануваш Мицкоски уште долго во опозиција, ние продолжуваме да работиме за граѓаните, за државата.

Ние сме свои на своето. Македонци, кои зборуваат македонски јазик. Нашата македонска иднина е европска.

Станавме земја членка на НАТО како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, ќе станеме земја-членка на ЕУ како Македонци, кои зборуваат македонски јазик“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он